Македонија Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

По студентскиот марш има плодна почва во иднина да постават многу други прашања важни за високото образование, вели Лутовски

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното тестирање, студентската иницијатива и активизам ќе престане, туку по студентскиот марш имаат плодна почва во иднина да постават многу други прашања важни за високото образование.

Лутовски, во интервјуто, меѓу другото, вели дека не очекувале толкав одзив на студенти на маршот, бидејќи кога го носеле известувањето за маршот во МВР, имале бројка од 800 до 1.000 студенти, а според некои проценки, излегле околу 3.000.