Свет Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Лидерот на Исламска држава тешко ранет

Управата на болницата во ал Ќаим потврдила дека примиле многу повредени меѓу нив и ал Багдади

Абу Бакр ал-Багдади, лидер на Исламската држава ( ИД), е тешко ранет при нападот што американските воени авиони го извршиле на местото каде што се одржувал состанок.

– Абу Бакр ал-Багдади е тешко ранет и се бори за живот, по саботниот напад, во кој исфрлените бомби го погодиле градот Ал-Ќаим, на границата со Сирија. Во нападот има и многу убиени и повредени и во маркет врз кој паднале бомби – пренесува приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на странски медиуми, кои, пак, се повикуваат на очевидци и на владини извори.

Управата на болницата во Ал-Ќаим потврдила дека примиле многу повредени, а меѓу нив и Ал-Багдади. Багдади, или Калиф Ибраим (43), е првиот калиф на сите муслимани по падот на Османлиската Империја пред сто години.