Свет Балкан Лажни дојави за бомби во Загреб, „цел“ била и редакцијата на еден...

Лажни дојави за бомби во Загреб, „цел“ била и редакцијата на еден весник

Еден од објектите кои биле посочени како мети, била и зградата во која се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, а во која седиште имаат и неколку фирми, но и министерство, една амбасада и еден ресторан

Центарот на Загреб. Фото: strgars @Pixabay.com

По дојавите за бомби што рано утрово стигнале во неколку медиуми утрово, полицијата во Загреб, главниот град на Хрватска, извршила проверки и констатирала дека заканите се лажни, јави Хрватската радиотелевизија.

Еден од објектите кои биле посочени како мети, била и зградата во која се наоѓа редакцијата на весникот „Јутарњи лист“, а во која седиште имаат и неколку фирми, но и министерство, една амбасада и еден ресторан.

Како места на кои наводно се поставени бомби биле посочени и Полициската станица Дубрава, врталиштето на трамваите во Дубрава, зградата на Агрономското училиште и хотелот Резиденс. Сите се наоѓаат во населбата Дубрава.

Заканата била испратена преку електронска порака која утрово пред 6 часот ја добиле дури 39 примачи, по што полицијата веднаш почнала со проверки.