Свет Балкан Лавров: САД и ЕУ сакаат повторно да загосподарат со Балканот

Лавров: САД и ЕУ сакаат повторно да загосподарат со Балканот

„Нашите западни колеги, пред сè САД и водечките европски земји, се опседнати со идејата повторно да загосподарат со Балканот. ЕУ има некои планови во тој поглед. Преговарачките процеси се во тек, а во нив се Србија, заедно со Косово, Македонија и Црна Гора“, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Тој додаде дека Русија нема ништо против овие земји да станат дел од европската економска интеграција.

– Тоа е природно затоа што географски се предвидуваат заеднички механизми, заеднички простор и заеднички пазар, но се надевам дека некаде во иднина, тој европски простор ќе го зафати и преостанатиот дел од Евроазија – изјави Лавров.

Црна Гора вчера и официјално стана 29 членка на Алијансата, а денеска пред зградата на НАТО во Брисел ќе биде подигнато и црногорското знаме.