Свет Европа Лавров го предложи Белград како можно место за разговори меѓу Русија и...

Лавров го предложи Белград како можно место за разговори меѓу Русија и Украина

Фото: Министерство за надворешни работи на Русија, mid.ru, CC BY 4.0, Викимедија комонс

Русија е подготвена да размисли за средба со Украина во други градови, на пример, во Белград, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува рускиот весник „Известија“.

„Русија ќе биде подготвена да разгледа и други градови за преговори со Украина, вклучително и Белград“, рече Лавров.

Тој додаде дека местото за средба мора да биде прифатливо за двете страни.

„Одржавме три рунди разговори лице в лице во Белорусија, по што следеше пауза од технички причини, беше тешко директно да се сретнеме. Сега е постигнат договор за средбата во Истанбул, која одразува географска точка во која можностите на двете страни се совпаднаа“, изјави шефот на руската дипломатија.

Претходно денеска, портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, изјави дека преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул најверојатно ќе се одржат утре, 29 март.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, денес најави дека е подготвен да ја разгледа опцијата Украина да прифати неутрален статус, но суверенитетот на неговата земја и задржувањето на нејзината територија, остануваат приоритети.

Зеленски подготвен да разговара за неутрален статус на Украина, но не на сметка на суверенитетот