Свет Европа Кремљ: Кандидатурата на Клинтон е внатрешна работа на САД

Кремљ: Кандидатурата на Клинтон е внатрешна работа на САД

Претседателската амбиција на некогашната американска државна секретарка Хилари Клинтон е внатрешна работа во која Кремљ не планира да се меша, изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Димитриј Песков.

„Тоа е внатрешна работа на САД. Никогаш не се мешаме во ничие внатрешно прашање и не држиме лекции. И не сакаме кога другите ни го прават тоа нам“, рекол Песков.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, рекол дека е прерано да се говори за значењето на одлуката на Клинтон за руско-американските односи.

„Ќе ја следиме нејзината изборна кампања“, рекол Рјабков, кој додал дека нејзината кандидатура е „очекувана“ и дека за тоа одамна се говорело.

„Потребно е да помине еден цел период до изборите во САД пред да можеме да говориме за тоа која политичка сила ќе дојде на власт“, рекол Рјабков.