Свет Балкан Кредиторите од ММФ и од ЕУ денеска во посета на Грција

Кредиторите од ММФ и од ЕУ денеска во посета на Грција

Претставници на Европската Унија и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ќе ја посетат Грција за да ја одржат ревизијата на програмата за помош и да ја одблокираат исплатата на средствата, најави европскиот комесар за економски прашања, Пјер Московиси.

Истовремено, шефот на еврогрупата, Јерун Дајселблум, изјави дека министрите за финансии на еврозоната конечно ќе го разгледаат прашањето за отписот на долгот на Грција.

Министрите ќе настојуваат да го решат спорот меѓу водечките официјални лица на ЕУ и на ММФ, а кои не се сложуваат околу начинот на кој Грција би требало да спроведе амбициозни реформи договорени во рамките на пакетот за помош од 86 милијарди евра.

ММФ се залага за отпис на долгот на официјална Атина.