Економија Компанијата „Лукоил“ ги напушта балтичките земји поради анти-руско расположение

Компанијата „Лукоил“ ги напушта балтичките земји поради анти-руско расположение

Руската нафтена компанија „Лукоил“ соопшти дека ќе го продаде останатиот имот во Литванија и во Летонија, поради, како што се наведува во соопштението, анти-руско расположение во тие земји.

Извршниот директор на „Лукоил“, Вагит Алекперов, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека компанијата не планира ширење на мрежата бензиски пумпи во Европа, туку ќе се фокусира на истражување и на производство на нафта.

Во јуни годинава, „Лукоил“ ја продаде својата естонска филијала „Лукоил ести“ на компанијата „Олерекс“, а минатата година ги продаде бензинските пумпи во Чешка, Словачка, Унгарија и во Украина. Како резултат на продажба на имотот, компанијата лани доби 1,86 милијарди долари.

Според процените на „Форбс“, „Лукоил“ е најголема приватна компанија во Русија, а кон средината на 2000 година, била најголем производител на нафта во таа земја.