Македонија Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали ќе има режим со...

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучи дали ќе има режим со границите на Косово и Србија

Фото: Архива на Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека, имајќи го предвид развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

„Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата,“ се вели во соопштението.

Можен режим со овие две земји, веќе најави и министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите.