Дигитални права Ќе користиме европски фонд за дигитализација на општеството

Ќе користиме европски фонд за дигитализација на општеството

Во Брисел минатата недела беше потпишан договорот со нашата земја и уште три држави од Западен Балкан за програмата „Дигитална Европа“

Извор на фотографија: Архива на Влада на РСМ

Со потпишување на договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа 2021-2027“  минатата недела, на Македонија ѝ се достапни 7,5 милијарди евра преку кои се отвораат можности за граѓаните, јавните институции или различни организации кои учествуваат во проекти, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на брифинг со новинарите.

Во Брисел минатата недела беше потпишан договорот со нашата земја и уште три држави од Западен Балкан за програмата „Дигитална Европа“.

„Развојот на проекти од областа на вештачката интелигенција, дигиталната обука, создавањето соодветни услови и широката употреба на дигиталната технологија ќе ја доближат Северна Македонија до Европа. Дигиталната агенција, која е еден од главните столбови на нашата влада, сега ќе биде поддржана и од програмите на ЕУ“, истакна министерот Алиу.

Плановите на Министерството за информатичко општество и администрација се преку оваа европска програма, да се дигитализира и сертифицира целата администрација за сајбер безбедност, да се создадат повеќе мултимедијални содржини за помош во образовниот систем, како и да се дигитализираат малите и средни претпријатија во земјава за да бидат компатибилни со европските стандарди.

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ