Македонија Касами: Хан даде поддршка за опцијата за формирање влада

Касами: Хан даде поддршка за опцијата за формирање влада

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, даваат поддршка за излез од кризата и бараат да гледаме повеќе кон иднината на државата отколку за личниот интерес, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, по средбата со бриселската четворка.

– Денеска имавме уште една посета на еврокомесарот Јоханес Хан која ѝ е неопходна на Македонија во ситуацијата во која се наоѓа. Членовите на делегацијата ја даваат поддршката за да излеземе од кризата. Во овој правец работи и Беса, не гледајќи на личниот интерес затоа што сè уште има сили во Македонија кои сакаат да нè турнат во меѓуетничка криза, што е многу лошо за земјата – рече Касами.

Тој истакна дека Хан дал поддршка на опцијата за формирање влада, за што има 67 пратеници и додаде дека не постои никаква „тиранска платформа“ туку декларација.