Македонија Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

Јавниот градски и меѓуградскиот превоз од и кон Куманово се нормализира

Владата на денешната 55 седница го прифати предлогот на Главниот штаб за координација, врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово, информираат од владината прес-служба.

Автобускиот и железничкиот сообраќај ќе може да почне редовно да функционира од Скопје до Куманово, како и меѓу Куманово и останатите градови. Воедно, линиите од јавниот превоз во Куманово ќе може повторно да се одржуваат. Градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово беа стопирани како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.

На оваа седница е прифатен и предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.