Главна секција Изминативе три дена 863 пациенти оздравеа, а 443 лица се заразија од...

Изминативе три дена 863 пациенти оздравеа, а 443 лица се заразија од ковид-19

Фото: Арбнора Мехмети, Мета.мк

Бројот на оздравени пациенти значително порасна во изминативе три дена, иако пандемијата на ковид-19 во земјава не се смирува и сè уште е висок бројот на новозаболени лица што секојдневно го регистрираат здравствените власти. Според официјалниот биланс, во изминативе три дена 863 болни од ковид-19 оздравеле, но затоа пак 443 лица се заразиле од корона вирусот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12 и Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3 и Ресен-4.

Изминатово деноноќие починаа 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675. Денес се евидентираат 3 контролни теста и исправка за 1 оздравено лице.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Најмногу активни случаи на ковид-19 и понатаму има во Скопје (1.372), додека на ниво на општини во главниот град предничат Чаир со 170, Аеродром со 156 и Кисела Вода со 149 активни случаи.