Свет Балкан Излезноста на гласачите во Косово до 15 часот изнесува 27,9 проценти

Излезноста на гласачите во Косово до 15 часот изнесува 27,9 проценти

На предвремените парламентарни избори во Косово до 15 часот гласале 27,9 проценти од гласачите што имаат право на глас, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК).

Претходно, претседателката на ЦИК, Ваљдете Дака, ги повика граѓаните да го искористат своето право на глас.

„Треба да му покажеме на светот дека знаеме како да ги организираме изборите“, изјавила Дака.

Американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, посочи дека Косово може да им покаже на Балканот и на светот како треба да се одвива изборниот процес.

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по гласањето изјави дека овие избори се исклучително важни за консолидација и за зајакнување на институциите во Косово.