fbpx

Во Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори

-

Предвремени парламентарни избори денеска се одржуваат во Косово на кои, до 11 часот, на гласање излегле 8,5 проценти од гласачите.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Јан Брату, изјавил дека гласањето се одвива мирно, а изборниот процес го следат 200 набљудувачи.

За 120 пратенички места се натпреваруваат 971 кандидат од пет коалиции на 19 политички партии и од две граѓански иницијативи.

Од албанските партиии учествуваат Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Иницијатива за Косово, потоа Демократскиот сојуз на Косово, Алијанса на ново Косово и Алтернатива. Самостојна на изборите учествува Самоопределување. Кандидати за премиери се Рамуш Харадинај, Авдулах Хоти и Аљбин Курти.

Од редовите на српските заедници на изборите учествуваат пет политички партии со 94 кандидати за 10 гарантирани пратенички места во собранието на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...