Свет Свет Италија го повлече амбасадорот во Египет поради убиство на студент

Италија го повлече амбасадорот во Египет поради убиство на студент

Италија го повлече својот амбасадор во Каиро поради итни консултации, во моменти кога Рим инсистира да ја дознае вистината за случајот со мачење и со убиство на италијански студент во Египет.

Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата, Паоло Џентолини, донел таква одлука по дводневниот состанок во Рим со египетскиот истражител, претставници на италијанската полиција и со обвинителство во врска со убиството на 28-годишен студент, пренесува АП.