Свет Европа Италија ги легализираше истополовите заедници

Италија ги легализираше истополовите заедници

Италијанскиот премиер Матео Ренци ја оцени како „историска“ денешната одлука на Сенатот да ја поддржи легализацијата на заедниците на истополовите двојки.

Припадниците на ЛГБТ-заедницата, сепак, изразија длабоко незадоволство затоа што законските измени не подразбираат и право хомосексуалните двојки да посвојуваат деца.

Изминатите месеци во повеќе италијански градови беа одржани протести на кои се бараше легализација на истополовите заедници.