Економија Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување...

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Фото: Борче Поповски

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.

„Најголем скок на бројот на нововработени има во полицијата (за 570 луѓе), а најголем пад во одбраната (168 помалку). Кај општините, пак, најголемо зголемување на вработените има во Бутел (за 122 луѓе), а најголемо намалување во Карпош (за 124 луѓе). Министерствата и Владата бележат зголемување на вработувањата по сите основи. Сепак, бројот на привремено вработени луѓе во министерствата и Владата скокнал дури за 337 проценти за последните три години, односно од 62 на 271. Кај општините, пак, има зголемување на редовните и привремените вработувања, но
намалување на бројот на ангажирани луѓе на договор на дело за 31 процент, односно 620 на 428 луѓе. Инаку, од министерствата, најмногу вработени и ангажирани, односно 12.263 луѓе има во МВР, а од општините најмногу луѓе – 747 работат во Град Скопје,“ се вели во истражувањето.

Целта на ова истражување е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.