Свет Балкан Хрватска: Шпанија треба да го реши проблемот со Каталонија во рамките на...

Хрватска: Шпанија треба да го реши проблемот со Каталонија во рамките на Уставот

Хрватското министерство за надворешни и европски работи смета дека случувањата во Каталонија се внатрешно прашање на Шпанија.

Оттука, Хрватска се залага за демократско и мирно решавање на проблемот, во согласност со европските вредности.

Во соопштението на министерството, исто така, се наведува дека Хрватска не смета дека прогласувањето независност на Каталонија е во согласност со шпанскиот устав и верува дека најдобро решение е тоа кое се темели на дијалог, со полна почит кон владеење на правото и заштитата на правата на сите граѓани кои живеат во Каталонија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека спорот помеѓу Мадрид и Каталонија треба да се реши во рамките на Уставот на Шпанија.