Свет Балкан Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна и дека дијалогот мора да продолжи само за една точка – признавање на Косово.

Според него, погрешна била одлуката на косовските институции  со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово.

– Дијалогот со Србија е поставен на погрешни рамки, бидејќи се разговара за внатрешни прашања на Косово. Јас сум заинтересиран за дијалог, но со меѓусебно признавање. Не прифаќаме да разговараме за внатрешните прашања на Косово – изјави Харадинај за албанската телевизија „Топ чанел“.

Харадинај беше кандидат за премиер на ДПК, Алијансата за иднина на Косово и на Иницијативата за Косово, кои освоија најмногу гласови на последните парламентарни избори, иако немаат потребно мнозинство за самостојно формирање влада.