Свет Балкан Хан со Сорос разговарал за засилување на реформите и за отворените општества

Хан со Сорос разговарал за засилување на реформите и за отворените општества

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и основачот на фондациите „Отворено општество“, Џорџ Сорос, денеска во Брисел разговарале за засилувањето на реформите и на отвореното општество во земјите од регионот на Зпаден Балкан и во Источна Европа.

„Секогаш е добро да се сретне Џорџ Сорос и да се разговара за нашите заеднички напори за засилување на реформите и на отворените општества на Западен Балкан и во Источна Европ“, напиша Хан на „Твитер“.

Џорџ Сорос е во посета на Брисел, каде денеска и утре треба да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и со неговиот заменик Франс Тимерманс, како и со еврокомесарката за правосудство Вера Јурова и еврокомесарот за економски пораст и инвестиции, Јурки Катаинен.

Инаку, во Македонија, која е дел од регионот на Западен Балкан, заедно со Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, партијата ВМРО-ДПМНЕ води жестока кампања против граѓанското општество и невладините организации, а тој процес го нарекува „десоросоизација“.