Свет Балкан Хан изрази жалење поради изгласувањето недоверба во владата на Косово

Хан изрази жалење поради изгласувањето недоверба во владата на Косово

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јохнаес Хан, изрази жалење поради тоа што косовскиот парламент изгласа недоверба за владата.

„Жалам поради денешното изгласување недоверба во владата на Косово. Политичките лидери, институции не смеат да ги загубат од вид предизвиците со кои се соочува Косово“, напиша Хан на својот твитер-профил.

Тој додаде дека владеењето на правото, развојот на економијата, дијалогот и визната либерализација мора да продолжат за доброто на граѓаните.