Свет Балкан Граѓаните ќе може да патуваат во Србија од 1 јуни без негативен...

Граѓаните ќе може да патуваат во Србија од 1 јуни без негативен тест за корона вирусот

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од 1 јуни ќе започне либерализиран режим на поминување на границите со четири земји од регионот Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, без обврска граѓаните на тие земји да имаат негативен тест на Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

Брнабиќ потенцираше дека ќе се настојува влезот во Србија што повеќе да се либерализира, додавајќи дека освен заштитата на здравјето на граѓаните, целта е да економско заздравување на земјата и раст.

Во однос на зголемениот број на заразени со корона вирусот во Врање, кое што се смета за ново жариште во Србија, таа изјави дека денеска ќе се одржи состанок на Кризниот штаб и ќе се утврди дали е потребно да се преземат дополнителни мерки.