Свет Европа Европската Унија во судски спор против Кина поради извозните ограничувања

Европската Унија во судски спор против Кина поради извозните ограничувања

Европската Унија поведе нов судиски спор против Кина пред Светската трговска организација (СТО) поради царината и квотите што ги применува на извозот на 11 клучни метали и суровини.

Со оваа тужба ЕУ им се придружи и на САД, кои го тужеа Пекинг за неоправдано фаворизирање на кинеската индустрија.

Претставници на ЕУ соопштиле дека официјален Пекинг ги крши прописите на СТО со воведување на ограничување на извоз на клучните суровини, со што врши дисторзија на пазарот, односно ја фаворизира кинеската индустрија на штета на европските компании и потрошувачи.

Кинеското министерство за трговија ги отфрли обвинувањата од Брисел, тврдејќи дека мерките се во согласност со правилата на СТО и дека имаат цел да ја заштитат животната средина.

Од Брисел порачаа дека Пекинг би можел поефикасно да ја поддржи заштитата на животната средина со други мерки, кои нема да ја погодат трговијата.