четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: ограничувања | 15 резултати

Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

11 август 2022

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, […]

Шпанија забранува клима уредите на јавни места да бидат вклучени под 27 Целзиусови степени

4 август 2022

Додека Европа се бори со жешкото лето и вртоглаво растечките цени на енергијата, Шпанија стана последната земја чија влада им порача на граѓаните да го намалат користењето на клима уредите. Со уредбата која треба да стапи на сила следната недела, се налага клима уредите на јавните места да бидат поставени на или над 27 Целзиусови […]

Летовите и автобусите кон странство профункционираа, но само до дел од дестинациите

29 јуни 2020

Со летовите на „Туркиш ерлајнс“, „Пегасус“, „Германија“, „Еделвајс“ и „Виз ер“, од 1 јули повторно ќе профункционира Меѓународниот аеродром Скопје, додека „Германија“ и „Виз ер“ од овој датум ќе почнат да летаат и од Охрид. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ТАВ Македонија Алпер Ерсој денеска […]

Се очекува зголемување на производството во преработувачката индустрија

15 август 2016

Состојбата на обезбеденоста на порачки во преработувачката индустрија во јули годинава во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули е поповолна во споредба […]

Европската Унија во судски спор против Кина поради извозните ограничувања

20 јули 2016

Европската Унија поведе нов судиски спор против Кина пред Светската трговска организација (СТО) поради царината и квотите што ги применува на извозот на 11 клучни метали и суровини. Со оваа тужба ЕУ им се придружи и на САД, кои го тужеа Пекинг за неоправдано фаворизирање на кинеската индустрија. Претставници на ЕУ соопштиле дека официјален Пекинг ги […]

Вашингтон воведува нови економски санкции за Пјонгјанг

2 јуни 2016

САД воведуваат нови економски санкции кон Северна Кореја за дополнително да ѝ го ограничат пристапот до меѓународниот финансиски систем, поради „заканата“ што ја претставува режимот во Пјонгјанг. Американското министерство за финансии оцени дека Северна Кореја е центар за перење пари и најави дека ќе преземе мерки за ограничување на меѓународните финансиски трансакции со таа земја. Новите санкции треба да […]

Повеќе од 1.000 мигранти заглавени на Табановце, сите очи вперени кон самитот во Брисел

7 март 2016

Повеќе од 1.000 мигранти од Сирија и од Ирак во моментов се заглавени кај Табановце, на македонско-српската граница, бидејќи српските власти одбиваат да ги пропуштат и да им дозволат транзит понатаму по балканската рута, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во меѓувреме на јужната граница, според информации од грчка страна, воведени се дополнителни […]

На австриската граница чекаат 400 мигранти по воведувањето на дневните квоти

20 февруари 2016

Првата група од околу 400 мигранти денеска пристигнала на главниот австриски граничен премин за баратели на азил Шпилфилд (Шентиљ), откако Виена вчера ги воведе новите дневни квоти за мигранти, соопштила портпаролката на австриската полиција, Меделин Хајнрих, јавуваат агенциите. Владата во Виена, и покрај критиките на Европската комисија, оваа недела донесе одлука во земјата дневно да […]

Австрија очекува домино-ефект по ограничувањето на протекот на бегалците

21 јануари 2016

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл-Лајтнер, очекува домино-ефект во Европа по официјалната одлука на Виена да воведе ограничување за бројот на бегалци што можат да добијат азил во земјата, јавува весникот „Остерајх“. – Упативме јасен сигнал против неограниченото добредојде. Австрија и понатаму ќе ги извршува своите хуманитарни должности, но во иднина ќе се ориентира […]

Македонија ги активира филтерот и дневните квоти за транзит на мигранти?

20 ноември 2015

Дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи (МВР) за бројот на мигранти на кои вчера им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил покажува дека полицијата на јужната граница регистрира само државјани на Сирија, Авганистан и од Ирак. „Во периодот од 00.00 до 24.00 часот на 19 ноември 2015 година, издадени се потврди […]

Чавков во Софија: Низ Македонија не треба да минуваат повеќе од 3.000 мигранти дневно

19 ноември 2015

Бројот на мигранти што транзитираат преку т.н. западно-балканска рута, која минува и низ територијата на Македонија, е ограничен и не треба да надминува 3.000 мигранти дневно, изјавил меѓу другото, заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на третата работна сесија на Салцбург-форумот што се одржува во Софија, Република Бугарија. Чавков рекол дека спроведувањето на мерките […]

Страна 1 од 1