Свет Балкан ЕУ: Политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно

ЕУ: Политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно

Европската Унија очекува од политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно и да работат на намалување на тензиите, а не на нивно продлабочување, реагираат од Брисел на вчерашните настани во Приштина.

Од Брисел посочуваат дека насилство во кој било облик и од која било страна е неприфатливо, а реториката само ја продлабочува поделбата и го отежнува дијалогот.

– Собранието на Косово го избра Хашим Тачи за претседател на Косово во напната атмосфера, полна со раздор. Сцените на кои бевме сведоци вчера во Собранието по тој повод беа исклучително загрижувачки – се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.