Свет Балкан Ештон: Ставот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува непроменет и...

Ештон: Ставот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан останува непроменет и по Брексит

Пристапот и ставот на Европската Унија околу интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата и понатаму е непроменет, изјавила поранешната висока претставничка за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, за време на нејзината посета на САД, пренесува „Гласот на Америка“.

Ештон рекла дека земјите од Балканот имаат причина да бидат преокупирани со нивните аспирации за членство во Европската Унија по резултатите од британскиот референдум.

Сепак, и покрај случувањата околу Брексит, земјите од Западен Балкан треба да останат фокусирани на бројните предизвици што се поставени пред нив на патот кон ЕУ, изјавила Ештон, додавајќи оти верува дека тие еден ден ќе бидат дел од Унијата.