Свет Европа Ердоган ќе се обиде да го убеди Путин за извозот на жито...

Ердоган ќе се обиде да го убеди Путин за извозот на жито од Украина

Путин во јули еднаш веќе одби да продолжи спогодбата со којашто Русија нема да го попречува извозот на украинско жито

Фото: rferl.org

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во рускиот град Сочи на брегот на Црното Море ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да го убеди да се продолжи договорот за извоз на жито од Украина. Путин во јули еднаш веќе одби да продолжи спогодбата со којашто Русија нема да го попречува извозот на украинско жито, јави новинската агенција „Асошиејтид Прес“.

Веќе истечениот договор, создаден со напорите на Турција и на Обединетите Нации во летото 2022 година ѝ овозможуваше на Украина од три црноморски пристаништа, и покрај воените дејствија.

Русија една година подоцна, изминатово лето, одби да се продолжи договорот со важност од една година, со образложение дека паралелниот договор да се отстранат пречките за рускиот извоз на храна и вештачки ѓубрива не е почитуван. Според оваа земја, ограничувањата на транспортот и осигурувањата ја попречило нејзината земјоделска трговија, иако најголемата земја на светот лани извезе рекордни количества пченица, пишува АП.

Во време кога лидерите на Турција и Русија треба да се состанат, руските воени сили во Украина утрово извршија напад со дрон на едно од клучните пристаништа преку кои треба да се врши извозот на украинското жито. Имено, нападот во пристаништето Измаил во украинскиот регион Одеса, нанесе огромни штети на магацини и на производствени капацитети. Како последица, се појавија и пожари.