Свет Балкан Ердоган им нареди на директорите на компаниите да вработат по еден невработен

Ердоган им нареди на директорите на компаниите да вработат по еден невработен

Секоја компанија нека вработи по еден невработен, тоа е едноставно решение за невработеноста, предложи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Повикувајќи ја главната организација на турски работодавци, Ердоган изјави дека таа денес брои 1,5 милиони членови и ако секоја од компаниите вработи по еден, тоа значи работа за исто толкав број невработени.

– Парите нема да ги однесеме со нас во гроб, ќе останат овде. Кога веќе е така, да им дадеме работа на тие што ја немаат – изјавил Ердоган.

Тој додал дека компанијата на тој начин нема да пропадне, туку, напротив, ќе има корист.

Неговото сè поголемо мешање во бизнисот ги загрижува турските бизнисмени, пренесува агенцијата „Франс прес“.