Свет Европа Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција

Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција

Проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон, победи на изборите во Франција.

По неговиот избор за претседател, тој изјави дека неговата победа претставува „надеж“ и „ново поглавје“ за Франција.

Макрон освои помеѓу 65,5 и 66,1 отсто од гласовите во вториот круг на гласање, додека неговата противничка, лидерката на ултрадесницата, Марин ле Пен, освоила помеѓу 33,9 и 34,5 отсто од гласовите.

Приврзаниците на Макрон почнале да се собираат околу музејот Лувр во Париз, каде што планирале да ја прослават неговата победа, јавуваат француските медиуми.