Свет Балкан Експлозија во Будимпешта, повредени двајца полицајци

Експлозија во Будимпешта, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци се повредени во силна експлозија која одекнала во сутерен во деловна зграда во центарот на Будимпешта, соопшти денеска полицијата.

Експлозијата се случила синоќа, околу 22.30 часот, а засега не е познато што ја предизвикало.

Повредените двајца полицајци биле во патрола кога одекнала експлозијата и тие се хоспитализирани. Нема информации за други повредени.

Полицијата го блокираше тој дел од градот и ја евакуираше зградата. Во тек е истрага за причината за експлозијата, која не предизвикала пожар.

Евакуирана е и познатата музичка академија „Лист“, која се наоѓа веднаш до зградата каде што се случила експлозијата, пренесуваат локалните медиуми, наведувајќи изјави од очевидци дека експлозијата ги затресла и соседните згради, поради што луѓето почнале панично да бегаат.