Свет Балкан Двајца починати и 16 повредени во експлозија во фабрика близу Белград

Двајца починати и 16 повредени во експлозија во фабрика близу Белград

Фото: Принтскрин Твитер

Две лица загинаа а 16 се повредени во силна експлозија и некоклу детонации кои попладнево го потресоа белградското предградие Лештане, јавија медиумите во Србија, пренесе Би-Би-Си на српски јазик. 

Јавниот сервис наведува дека експлозијата се случила во фабриката „Едепро“ за производство на проектили и ракетни делови за противградна одбрана.

Тројца тешко повредени се пренесени на одделението за реанимација на Ургентниот центар, а двајца на ВМА.

Тие се здобиле со изгореници, но не се знае во колкава мера.

Веднаш по експлозијата испратени се 11 возила со 36 пожарникари, а потоа и засилување, изјавија за РТС од српското МВР. Полицијата не дозволува пристап и го пренасочува сообраќајот.

Во ноември 2008 година, во истата фабрика се случи експлозија кога три лица беа повредени, од кои едно потешко, а две полесно.