Главна секција ДУИ собра потписи за иницијативата, ќе ја поднесе кога ќе обезбеди мнозинство

ДУИ собра потписи за иницијативата, ќе ја поднесе кога ќе обезбеди мнозинство

Вкупно 26 пратеника денеска ја потпишаа иницијативата на ДУИ да се повлeче одлуката за распуштање на Собранието.

Потписи на иницијативата ставиле пратениците од ДУИ и од ДПА, како и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

Како што информираше Артан Груби, шеф на кабинетот на Али Ахмети, иницијативата ќе биде поднесена кога 62 пратеника ќе потврдат дека ќе гласаат за да се одложи распуштањето на Собранието.

Од СДСМ велат дека сè уште не ја виделе иницијативата.

– Кога ќе ја видиме иницијативата, ќе одлучиме дали ќе гласаме за предлог-одлуката – велат пратениците од СДСМ.

Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција рече дека тој што ја предложил одлуката за распуштање на Собранието, тој треба да ја отповика.

За да помогнат околу надминување на проблемот со датумот на избори, денеска пристигнаа европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, кои имаат средби со политичките партии.