Главна секција Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

Петнаесет полицајци се повредени во судирот со мигрантите на границата

Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница.

Од МВР информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети.

Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон полицијата оштетени се три полициски возила и неколку штитови.

Засиленото полициско обезбедување е сè уште присутно, групата мигранти е одбиена, а се обезбедуваат сите нелегални премени и процепи на заштитната ограда, која изутринава мигрантите ја пробија за да влезат во земјава.