Македонија Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во главниот град на Естонија, Талин. Таму се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Димитров се надева дека преговорите за членство на Македонија со ЕУ можат да почнат следната година.

– Тука сум да ги убедам дека тоа исто така е од интерес за Европа – порача Димитров, кој во Талин беше пречекан од еврокомесарката Федерика Могерини.