Македонија Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за...

Димитров: Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

Министерот за надворешни работи Никола Димитров велии дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц бил поттикнат од македонската страна да излезе со првична рамка уште следната недела.

– Сè уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило – изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешното интервју за ТВ 21.

Според него, не може Македонија да биде само грчка, бидејќи географскиот регион е голем и има три држави.