Македонија ДИК на средбата со Бејли и со Орав: Наскоро ќе почнат вкрстените...

ДИК на средбата со Бејли и со Орав: Наскоро ќе почнат вкрстените проверки на списокот

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав.

Како што пишува во соопштението на ДИК, амбасадорите ја нагласиле поддршката за работата на Државната изборна комисија за организирање и за спроведување на фер и демократски избори.

„Државната изборна комисија истакна дека што се однесува до прочистувањето на избирачкиот список, сите 10 бази на податоци добиени од соодветните институции се веќе вчитани во серверот на ДИК. Во моментов, во тек е процесот на стандардизирање, нормализирање и на валидизација на податоците од базите. Овој процес го вршат консултанти за ИТ, ангажирани од ДИК, а предложени од четирите најголеми политички партии. Нивната работа ја координира меѓународен експерт за ИТ, ангажиран од ИФЕС. По комплетирањето на споменатиот процес, ќе следува подготвувањето и усвојувањето на тестови за вршење на вкрстените проверки, по што ќе почнат и вкрстените проверки“, пишува во соопштението на ДИК.