Македонија Денеска дури 325 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Денеска дури 325 нови случаи на ковид-19, пријавено е едно починато лице

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Тетово и Скопје повторно рушат рекорди во бројот на новозаболени лица од ковид-19, а активните случаи забрзано растат и во Гостивар и во Куманово. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: дека во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19: Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.

Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Битола (55г), кое ја изгубило битката со ковид-19 во болнички услови.

Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на ковид-19.

По подолг временски период, бројот на активни случаи на ковид-19 ја надмина бројката од 1.000 и во моментов во земјава има 1.268 заболени лица од ковид-19. Најголем дел од нив се од Тетово (379), Скопје (370), Гостивар (126) и Куманово (114).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251, бројката на оздравени пациенти е 150.481, а на починати е 5.502.