Свет Европа Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“.

Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници.

Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф Ал Сауди, изразил сочувство до семејството Бин Ладен, додавајќи дека амбасадата е во постојан контакт со британските власти кои ја водат истрагата.

Авионот, „ембраер феном 300“, кој според информациите и припаѓал на фирма на семејството Бин Ладен, летал од Милано, Италија.

Очевидци на несреќата изјавиле дека по падот на авионот забележале топка од пламен и неколку експлозии.