Хроника Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на...

Четири лица, меѓу нив бебе и тригодишно дете, загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

Четири лица, од кои едно бебе и едно тригодишно дете, ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што вчера вечерта, околу 18 часот, се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид.

Несреќата се случила во близина на селото Колари, а во неа учествувале автомобил, марка „волво“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Деар А. (28) од селото Зајас, и товарно возило марка „форд конект“, управувано од В.А. (31) од скопско Горно Свиларе.

Во несреќата, на самото место починале сопатниците во „волвото“, бебе и тригодишно дете, додека Деар А. и Амзи И. (46), кој бил сопатник во товарното возило, починале на пат кон болница.

Тешки телесни повреди добиле А.Х. (26) и возачот на товарното возило, кои биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Јавен обвинител и екипа на полициската станица Кичево извршиле увид на местото на несреќата.