Главна секција Четири лица починаа, а регистрирани се нови 118 заразени со коронавирус во...

Четири лица починаа, а регистрирани се нови 118 заразени со коронавирус во последните 24 часа

Сто и осумнаесет нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие, од направени вкупно 1.363 тестирања, информира Министерството за здравство. Од новозаразените, 55 се во Скопје, 9 во Куманово, по еден пациент во Гевгелија, Дебар, Битола, Штип, Свети Николе и во Кичево, по четворица во Прилеп и во Гостивар, 20 во Тетово, по двајца во Струга, Велес и во Струмица, четворица во Гостивар и петмина во Ресен.

Освен тоа, Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти, а четири лица се починати.

„Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012“, информираат во министерството.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се седуммина пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.