Македонија Бујар Османи на молитвениот појадок во Вашингтон

Бујар Османи на молитвениот појадок во Вашингтон

Фото: Борче Поповски

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи неделава ќе престојува во неколкудневна работна посета на Вашингтон, во рамките на која ќе учествува и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Покрај тоа, предвидени се средби со луѓе од Белата Куќа,  од Стејт Департментот, меѓу кои и со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, како и со Вилијам Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во  Националниот Совет за Безбедност при администрацијата на Белата куќа.

Во Конгресот, каде Османи ќе има средби со конгресмени и сенатори, а ќе учествува и и на тркалезната маса  на „Германскиот Маршалов Фонд“, при што ќе зборува за следните чекори на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Вицепремиерот ќе се сретне и со високи претставници на  Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) и  Демократскиот Национален Институт (НДИ).