Свет Балкан Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот...

Бугарија бара укинување на визите од Канада за да го поддржи трговскиот договор со ЕУ

Бугарија нема да го поддржи трговскиот договор меѓу Европската Унија и Канада (ЦЕТА) без да има гаранции од канадската влада дека ќе ги укине визите за бугарските државјани. Одлуката била донесена на седница на бугарската влада.

Со тоа бугарската влада ќе ги брани своите интереси на Самитот во Брисел, кој се одржува денеска и утре.

Ова барање на бугарската влада е и во насока на тоа економските оператори од таа земја да бидат еднакво конкуретни како и другите земји-членки на ЕУ.