Свет Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 436

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 436

Бројот на загинати во земјотресот на индонезискиот остров Ломбок порасна на 436, а причинетата материјална штета се проценува на стотици милиони долари.

Повеќето жртви од земјотресот со магнитуда од 7 степени што го погоди Ломбок на 5 август загинаа во урнати згради, велат надлежните.

Властите на Индонезија наведоа дека во земјотресот се оштетени куќи и други објекти, како и инфраструктура, а дека материјалната штета изнесува најмалку 342 милиони долари.

Околу 350.000 жители на островот Ломбок беа принудени да ги напуштат своите домови.