Свет Бројот на загинати во Тианџин достигна 112 лица

Бројот на загинати во Тианџин достигна 112 лица

Билансот на загинати во експлозијата во кинескиот град Тианџин порасна на 112 лица, јави кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Во инцидентот, кога во складиште за опасни хемикалии во средата изби пожар, а потоа се случија низа експлозии, повредени се повеќе 750 луѓе, а 85 пожарникари и понатаму се водат како исчезнати.

Помеѓу 112 загинати има најмалку 21 пожарникар, што оваа несреќа ја прави најфатална за кинеските пожарникари во последните шест децении.

Поради страв од контаминација, евакуирани се жителите околу местото на разорната експлозија во радиус од три километри, а евакуацијата ја извеле вооружани полицајци, откако на местото на несреќата пронајден е содиум цијанид, опасна супстанца која е запалива во допир со вода.

Кинеските медиуми вчера објавија дека во складиштето каде дојде до експлозија, се наоѓале 700 тони содиум цијанид, што е 70 пати повеќе од дозволените количини, и властите сега брзаат да ги тргнат опасните материи.

До големата експлозија во складиштето дошло 40 минути откако е пријавен пожарот и на лице место пристигнале пожарникари кои употребиле вода да го изгаснат пожарот.