Свет Европа Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат...

Аврамопулос: ЕК е подготвена за санкции кон земјите што одбиваат да прифатат бегалци

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, денеска изјавил дека Европската комисија е подготвена да воведе санкции за земјите членки на Европска Унија кои одбиваат да прифатат бегалци, во согласност со договорениот план за прераспределба, јавуваат светските агенции.

Аврамопулос, на бизнис-конференција во Атина, ги критикувал „популистичките и националистичките лидери“ на европските земји, кои изјавуваат дека нема да се придржуваат на планот.

Тој оценил дека лидерите кои се против прифаќањето на бегалците, ја подриваат солидарноста во ЕУ и во нивните држави.

Неколку источноевропски земји, меѓу кои Унгарија и Словачка, остро се противат на планот за прераспределба на бегалците и бараат од ЕУ негово преиспитување.