Свет Европа Авионот на Лавров ја обиколи Бугарија поради доаѓањето на Марија Захарова

Авионот на Лавров ја обиколи Бугарија поради доаѓањето на Марија Захарова

Захарова е на листата на санкционирани листа на Европската Унија поради руската воена агресија врз Украина. Поради ова, таа има забрана за влез во сите земји-членки на ЕУ

Извор на фотографија: E233renmei - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=4254588

Бугарија во последен момент го откажа прелетот на авионот на Сергеј Лавров преку нејзина територија поради присуството на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во него. Медиапул.бг јавува дека авионот патувал повеќе од пет часа преку Турција и Грција за да стигне на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Бугарските власти не дале дозвола Захарова за прелет на авионот со нејзиното присуство во него.

Захарова е на листата на санкционирани листа на Европската Унија поради руската воена агресија врз Украина. Поради ова, таа има забрана за влез во сите земји-членки на ЕУ. Воедно, портпаролката на руското МНР постојано дава провокативни коментари кон бугарската држава, што исто така може да се смета за причина поради која бугарските власти во последен момент го откажаа прелетот на рускиот авион над бугарска територија.

Инаку, Захарова остро реагираше на ваквата бугарска одлука, оквалификувајќи го како опасен преседан. И покрај ова, рускиот авион со министерот Лавров и портпаролката Захарова во него синоќа пристигнаа во Скопје и се очекува нивното присуство на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Лавров пристигна синоќа откако претходно американскиот државен секретар Ентони Блинкен си замина од Скопје. Тие дефинитивно нема да се сретнат на Министерскиот совет, а синоќа пристигна информацијата дека во Скопје нема да дојде и полскиот министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек токму поради присуството на Сергеј Лавров.