Свет Балкан Апсења на Косово поради крадење имот за време на приватизацијата

Апсења на Косово поради крадење имот за време на приватизацијата

Косовската полиција, во соработка со државното обвинителство и со косовската агенција за приватизација, спроведува полициска акција во два региона на Косово, која вклучува ослободување на отуѓениот имот.

Од полицијата соопштија дека одделението за организиран криминал одземал имот стекнат преку организиран криминал, врз основа на истрага која се води од минатата година.

Станува збор за добро организирана група осомничена за кривични дела како што се лихварство, принуда, застрашување и измама.

Полицијата досега уапсила девет лица против кои се води судски процес.