Македонија АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува внимателно возење по скопската обиколница, бидејќи има оштетени делови на патот.

По поплавите на 6 август кога ова подрачје беше најпогодено од невремето, скопската обиколница е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.