Свет Балкан Амбасадорката на ЕУ во Албанија под истрага во Брисел поради злоупотреба на...

Амбасадорката на ЕУ во Албанија под истрага во Брисел поради злоупотреба на фондови

Амбасадорката на Европската Унија во Албанија, Романа Влахутин, е под истрага во Брисел поради сомнежи за злоупотреба на финансиски средства од фондовите на ЕУ и за прекршување на правилата за вработување, пишува порталот „Хаштаг.ал“.

Порталот не го открива изворот на информациите, но тврди дека тие биле потврдени од релевантен извор од Делегацијата на ЕУ во Тирана. Истрагата, според информациите, ја спроведува канцеларијата за борба против злоупотреби на буџетот на ЕУ (ОЛАФ).

Порталот наведува дека јавниот обвинител на Албанија, Адриатик Љаља, неодамна бил повикан во Брисел, каде се сретнал со висок претставник на ОЛАФ.

Шефицата на делегацијата на ЕУ во Албанија, Романа Влахутин, беше актуелна во албанските медиуми поради наводна вмешаност во корупциски скандал поврзан со купување куќа вредна 1,6 милиони евра во најлуксузниот дел на Тирана.